Арчи е брилијантен зад миксетите: Запознајте го најмладиот ДиЏеј на светот
Арчи Норбури, познат како ДиЏеј Арчи, е најмладиот клупски ДиЏеј на светот. Малиот е вистинска мини музичка сензација на настапите во светот, а чест гостин е на музичките фестивали во Британија. Чудото од дете имал 4 години и 130 денови, кога го соборил Гинисовиот рекорд, настапувал во клуб во Хонг Конг, без помош половина час пред публика од 20 луѓе. ДиЏеј Арчи е роден во Дубаи, а од неодамна со семејството живее во Хонг Конг. Неговиот татко ја работи истата работа, и е познат како ДиЏеј Пи.