Јапонската компанија „Takeru shoji architects“ изгради селска куќа која е всушност дрвена конструкција во облик на шатор, за четиричлено семејство.

Таа се наоѓа во градот Нагаока, Јапонија и е сместена на семејниот имот како второ, алтернативно живеалиште, покрај главната куќа, работната куќарка и гаражата.

„Takeru shoji architects“ ја дизајнирале куќата како „непотполно” престојувалиште кое го поттикнува семејството да се потпира и на употребата на други, помали и „пооскудни“ градби, заради „зајакнување на селското заедништво“.

Куќичката е направена да изгледа како голем дрвен шатор, затворен од едната страна. Внатрешниот простор главно го одликуваат дрвени површини, а пак, природната светлина влегува во куќата низ големи триаголни прозорци.

И декорот и мебелот се минималистички, но функционални, а сѐ е онака – традиционално и едноставно, како впрочем и повеќето современи домови во Јапонија.