„Арт рок хепенинг“ вечерва во Кавадарци

49

„Арт рок хепенинг“ ќе се одржи вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци со почеток во 19 часот. На манифестацијата, во текот на денов и претходеше сликање на уметнички дела од страна на  ликовни уметници од повеќе градови, на отворен простор. Делата ќе бидат финализирани на крајот од денот, пред очите на јавноста.

„Учествуваат ликовните уметници Драган Најденовски од Битола, Новица Трајковски и Андријана Мациев од Скопје и Киро Јосифов, Лазар Дојчинов и Горан Боев од Кавадарци. За музичкиот дел ќе се погрижи ‘Ано бенд’ од Кавадарци“, појаснија од Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, кој овој настан го организира со поддршка на Министерството за култура.

Оттаму нагласија дека активностите се одвиваат според протоколите за работа во време на коронавирус. За сите присутни на настанот – носење лична заштита на лицето, дезинфекција на рацете, одржување на растојание 1,5 – 2 метри и ограничен број на посетители.