Артур ќе биде „топчија“

101

Бразилскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Артур Мело, најверојатно својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал. Раководните лица на двата клуба се седнати на преговарачката маса, но италијанските медиуми открија дека најавениот трансфер нема да биде реализиран се додека „старата дама“ не ангажира нов играч за врска кој треба да биде достојна замена на поранешниот фудбалер на Барселона.