Артур насочен кон Торино

59

Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона откри дека раководните лица не се откажуваат од намерата да се ослободат од услугите на бразилскиот интернационалец Артур.

Клупските челници не криијат дека не се задоволни од игрите кои ги прикажува поранешниот фудбалер на Гремио кој моментално важи за голема желба на италијанскиот калчо гигант Јувентус. Барселона сака Артур да се пресели во Торино, а во обратната насока да се упати босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ.