Дома МАКЕДОНИЈА Арсовски: Џолев ги крши законите, Митко Сандев веднаш да биде заменет со...

Арсовски: Џолев ги крши законите, Митко Сандев веднаш да биде заменет со друг судија-поротник 

29

На портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска пред Судот не му беше дозволено до крај да ја каже причината за барањето за изземањето на Митко Сандев од случаите против политичкиот субјект кој го претставува. Во изјава за медиумите Арсовски посочи дека денеска во 10 часот требаше да започне рочиштето каде што политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ, којшто ја го претставува како еден од обвинетите, и дека во судницата побарал престанок на мандатот на судијата-поротник Митко Сандев од две причини.

Прво, согласно одлуката на Уставниот суд 162/2006-0 од 2007 година предвидува дека секој судија-поротник кој има навршено 60 години му престане мандатот на делување во постапките. Втората работа за која за жал не ми беше дозволено во судницата до крај да ја кажам, а тоа е изземање на овој судија поротник, причината веќе е јасна можевте да видите и на дел од медиумите кои објавија, а тоа дека господинот Митко Сандев е член на тело на политичка партија, така да доведува до тоа дека тој може да делува со одредена пристрасност. Тоа во законот за кривична постапка е предвидено во Член 33 практично е причина за изземање, една од причините е судија поротник кој може да биде иземен од вршење на судска должност покрај причините наведени во ставот 1 од овој член, ако постојат околности кои предизвикуваат сомневање во негова пристрасност, посочи Арсовски.