Арсовски: Се разгледуваат сите опции за импичмент за Пендаровски

61

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога  би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски што беше навестена во медиумите.

Портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски, рече дека ќе бидат разгледани сите опции на телата и органите во партијата .

„Ние одамна кажавме дека Пендаровски е соучесник на мафијата на Заев, која што за жал оваа мафија функционира во оваа држава Република Македонија и многу подобро и од најдобрите времиња кога функционирала најголемата мафија во светот ‘Коза ностра’”, рече Арсовски.

Како што претходно објавивме, можноста за импичмент за претседателот  е поврзана со актуелните случувања во Собранието, во однос на гласањето за петте вонредни состојби, кои во периодот од  март до јуни ги прогласи претседателот на државата.