Арсовска прогласи победа во главниот град: По 30 години Скопје за прв пат има жена градоначалник

113

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска вечерва прогласи победа и порача дека Скопје ќе го трансформира во чист, модерен и зелен град.

-Ви благодарам што ги поддржавте моите проекти, што одбравте да верувате на човечноста, што истакнавте дека сте против црните кампањи и ми ја дадовте довербата. По тешки битки, мој противник не беше само стариот градоначалник, туку и премиерот во заминување. По 30 години Скопје за прв пат има жена градоначалник. Да побараме одговороност за она што не е сработено. Скопје да го трансформираме во чист, модерен и зелен град. Вечерва да славиме, а од утре да почнеме со работа.

Благодарност до моето семејство, до моите најблиски, покажавме дека и покрај црната кампања, ми беа најголема поддршка. Сега имаме шанса посветено да работиме, да побараме одговорност за она што не е сработено, но и Скопје да го трансформираме во чист и зелен и модерен град.

Огромна е победата, над 20 илјади гласови според информациите“, рече Арсовска.