Арсовска: Денеска Скопје го огреа сонце, скопјани покажаа дека е време за промени

95

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска денеска повторно ги повика граѓаните да ја поддржат и во вториот круг, за како што рече, промените кои треба да се случат во македонската метропола.

„Скопје го огреа сонце денеска, скопјани донесоа победа во Скопје за водство во првиот круг. Скопјани покажаа дека е време за промени. Благодарам на сите кои го дадоа својот глас за мене, и за поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и сите останати партии, но најмногу благодарност до граѓаните.Овој резултат покажува дека е време за нови проекти, дека им е доста од политичари кои ветуваат, а ништо не остваруваат. Им честитам на сите останати 10 кандидати.Позитивно сум изненадена од граѓанските иницијативи кои станаа дел од Советот. Настапот и програмите на овие кандиати внесоа свежина и енергија. Нивните програми и приоритети ќе бидат дел од мојата работа во следните четири години во Скопје.“, рече Арсовска.