Арсенал се договори со Манчестер сити за трансфер на напаѓачот Габриел Жесус

27

Арсенал го финализираше договорот со Манчестер сити за напаѓачот Габриел Жесус. Зделката ќе изнесува 45 милиони фунти, обелодени новинарот Фабрицио Романо.

Дваесет и петгодишниот Бразилец ќе потпише договор со „топчиите“ до 2025 година. Неговата плата, според прелиминарните информации, ќе биде 200 илјади фунти неделно.

Минатата сезона фудбалерот забележа 41 настап за Манчестер сити, постигнувајќи 13 гола и 12 асистенции.

Актуелниот договор на Жезус со „граѓаните“ е со важност до јуни 2023 година.