Арсенал остана заглавен со најскапиот фудбалер

63

За жал, раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, не успеаа во намерата, за време да зимскиот преоден рок, да се ослободат од услугите на најскапо платениот фудбалер на “Емирати”, Месут Озил. Иако пред една година ја продолжија соработката со германскиот интернационалец, челниците на популарните “топчии” веќе неколку месеци не се задоволни од неговите партии и од фактот дека играчот кој има неделна плата од 350.000 евра, се почесто е на клупата за резервни фудбалери.

Веднаш откако и официјално заврши зимскиот преоден рок, менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, се обиде да ја спушти топката околу клупската иднина на Озил.

  • Искрено, не би сакал јавно да зборам за ситуацијата на Озил, но сум принуден поради последните шпекулации дека ќе си замине од Лондон. Сакам да ставам крај на сите дилеми и конечно да се фокусираме на фудбалската игра. Месут пред една година потпиша нов договор затоа што својата иднина ја гледа како играч на Арсенал. Нема никаква промена во неговото гледиште. Сака да остане до крајот на својот договор, можби и подолго. Месут е 100% посветен на Арсенал, го сака клубот и не сака да игра за некој друг клуб. Гордо го носи дресот и е вистински петставник, како на зелениот терен, така и надвор од стадионот. Ја превзема дадената одговорност, да биде еден од капитените и има одличен однос со останатите играчи во соблекувалната, изјави шпанскиот стручњак.

И покрај ваквиот став на поранешниот предводник на Севилја и на ПСЖ, поголемиот дел од англиските медиуми се убедени дека германскиот интернационалец сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок. Поранешниот фудбалер на Шалке, Вердер и на Реал (М) според раководните лица на Арсенал е проценет на најмалку 30 мил. евра, најголем проблем при реализација на евентуалниот трансфер ќе биде неделната плата на Озил затоа што мал е бројот на клубови кои можат да му понудат неделна плата од околу 350.000 евра.