Арсенал гледа спас во Македонецот!

184

Не само шпанските медиуми, и познатиот британски таблоид „Дејли Мејл“, ја пренесе информацијата дека лондонскиот премиерлигаш Арсенал има испратено официјална понуда за репрезентативецот на Македонија од редовите на шпанскиот прволигаш Леванте, Енис Барди.

Британскиот таблоид пишува дека 25-годишниот играч за врска се има преселено во редовите на Леванте откако неговиот поранешен клуб, унгарскиот прволигаш Ујпешт ја прифати официјалната понуда вредна 1.36 мил. фунти. За време на тригодишниот престој во Примера дивизион, македонскиот интернационалец константно прикажува одлични игри и има постигнато неколку спектакуларни погодоци.

Шпанската радио станица „Онда Черо“ пред неколу дена ја пласира и информацијата дека англсикиот клуб има испратено официјална понуда за Македонецот и дека Арсенал е единствениот клуб кој покажал подготвеност да седне на преговарачката маса со челниците на Леванте.

Сепак, медиумите на Принејскиот полуостров информираат дека интерес за услугите на Барди покажале и амбициозните сопственици на италијанскиот калчолигаш Фиорентина како и еден клуб кој се натпреварува во германската Бундеслига.

„Дејли Мејл“ пишува дека Барди е познат по неговите карактеристични дрблинзи и ударите од голема далечина. Во тимот кој е предводен од Пако Лопез, Македонецот игра на левата крилна позиција, но нема никаков проблем да игра и на останатите позиции во средниот ред како и позади напаѓачите.

Во изминатите три сезони има постигнато 16 погодоци и важи за еден од најконстантните фудбалери во дресот на клубот од Валенсија. Кога е во прашање актуелната сезона, на одиграните 27 натпревари Македонецот има постигнато три погодоци. Менаџерот на „топчиите“, Микел Артета во Барди гледа идеално засилување кога е во прашање средниот ред затоа што клубот планира да стави крај на соработката со Матео Гендузи и со Дани Себаљос.

Гендузи постојано е критикуван поради арогантното однесување, додека Себаљос игра како позајмен фудбалер и сака на крајот од сезоната да се врати во редовите на шпанскиот гигант Реал (М).