Арнолд Шварценегер имал сообраќајка – со автомобилот удрил жена на велосипед

145

Актерот Арнолд Шварценегер денеска имал сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, кога со својот автомобил урдил удрил жена која возела велосипед во Лос Анџелес, пишува TMZ.
Според извештаите, до несреќата дошло кога жената излегла на спротивната лента, а несреќата не можела да се избегне.

Жената набрзо била пренесена во болница, додека актерот останал да разговара со полицијата.

Според медиумите, истрагата е во тек, но засега според исказите на очевидците нема индиции дека актерот е виновен.

По несреќата, Арнолд Шварценегер го зел нејзиниот велосипед, го прикачил за својот автомобил и се упатил до локална продавница за да ја поправи штетата на возилото, пишува „ТМЗ“ и наведува дека ниту еден од нив не бил под дејство на алкохол или недозволени супстанци и дека Шварценегер не возел брзо.