Репрезентативецот на Австрија, Марко Арнаутовиќ, е суспендиран со еден натпревар на Европското првенство поради наврфедите кои ги испрати кон нашиот фудбалер Езѓан Алиоски за време на натпреварот од првото колов во групната фаза.

Голгетерот со навредливи зборови на националистичка основа се обрати кон Езџан Алиоски по постигнатиот гол во самиот финиш од натпреварот.

Поради тоа, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го пријави случајот, а Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес и официјално му изрече казна на Арнаутовиќ, кој нема да настапи на утрешниот дуел против селекцијата на Холандија.