Арминија го назначи Крамер за нов тренер во борбата за опстанок

23

Поранешниот селектор на младинските фудбалски репрезентации на Германија, Франк Крамер, е назначен за нов тренер на бундеслигашот Арминија.

Крамер, кој во минатото ги предводеше германските селекции до 18, 19 и 20 години, доаѓа на местото на Уве Нојхаус, со задача да избори опстанок во Бундеслигата со екипата од Билефилд.

Арминија освои само бод на последните пет дуели под водство на Нојхаус, кој беше отпуштен во понеделникот, и со 18 бодови од 22 натпревари се наоѓа во зоната на испаѓање.