Иако сезонава нема загубено ниеден меч и ги освои титулите во Аделаида и на Австралија опен, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, не заработи најмногу од тенисот бидејќи 38.000 долари повеќе собра Белорусинката Арина Сабаланка, победничка на турнирот во Мелбурн во женска категорија.

Ова беше прва грен слем титула за Сабаленка, која претходно три пати беше во полуфиналето, а како и Новак го освои турнирот и во Аделаида. Иако оваа сезона одиграа апсолутно идентично, белорускиот тенисер успеа да заработи повеќе пари.

Наградниот фонд на Австралија опен беше ист, па на двете адреси отидоа по 2.975.000 австралиски долари, но кога таа бројка ќе се претвори во американски долари, не е исто!

Официјалната статистика се води во американски долари, а разликата во курсот помеѓу австралискиот и американскиот долари во саботата кога Сабаленка го освои турнирот и во неделата кога Новак го зеде трофејот беше таква што наградата на Новак беше всушност 2.074.277 американски долари, а на Сабаленка беше 2.080. 771 долари. Таа однела дома 6.494 долари повеќе!

Уште поголем јаз е направен во Аделаида, каде промената на курсот била толку голема што Новак Ѓоковиќ завршил со 94.560 американски долари, додека Сабаленка освоила 120.150, дури 25.590 долари повеќе! На крајот, не треба да заборавиме дека и Србинот и Белорусинката играа во двојки во Аделаида, каде веднаш беше елиминиран Новак во двојка со Васек Поспишил, додека Арина Сабаленка во двојка со Лидија Морозова се пласираше во полуфиналето.

Кога ќе се одземе разликата во наградите за игра во двојки, Сабаленка и таму успеа да добие 6.165 долари повеќе. На крајот, кога ќе се додадат разликите во курсот од Австралија Опен и од Аделаида, како и подобриот учинок на Белорусинката во двојки, се доаѓа до 38.249 долари повеќе за победничката на Австралија Опен!

Секако, кога ќе се погледне нејзината заработка во кариерата, Сабаленка тешко дека има шанса некогаш да биде подобра од Новак.  Светскиот тениски рекет број еден досега има собрано 166.861.716 долари од турнирски награди, додека Сабаленка од наградните фондови „само“ 14.382.781 долари.