Трофејниот хрватски стручњак, Ненад Бјелица, откри што мисли за дуелот помеѓу репрезентациите на Аргентина и Саудиска Арабија која заврши со минимален пораз на „гаучосите“ од 2:1.
- Прво, мора да им се честита на репрезентативците на Саудиска Арабија. Потоа, треба да се види дали Аргентина ќе се опорави од ваквиот шок. Можеби, кај нив е присутен и оној, добро познатиот балкански синдром, каде на прво место е фразата „лесно ќе биде“. Изминатите денови повеќе се пишуваше за тоа колку месо понеле со себе во Катар, а не за противникот, изјави Бјелица.