Арапите инвестираат во Црна Гора

124

Арапите ја градат една од најубавите плажи во Будва. Се исполнува желбата на арапските инвеститори, но од ова не се задоволни локалните жители и општината.

Министерството за одржлив развој и туризам не ја консултирало општината за документи и се бара во иднина тоа да се направи. Се смета дека планот е направен по желба на еден инвеститор, за сметка на другите сопственици на парцели.

Реакциите се дека мора да се води сметка за јавниот интерес, а не само на поединечни интереси на еден инвеститор.

Арапите инвестираат во Црна Гора, а веќе е познато дека луѓе од арапските земји купуваат имоти во БиХ.