Апликација на паметен телефон ќе одлучува дали сте положиле возачки испит?
Одделението на Microsoft во Индија разви апликација чија намена е безбедно управување со автомобилите. Апликацијата HAMS преку паметен телефон кој е закачен на шофершајбната како камера, го надгледува возачот и движењето на возилото собирајќи информации, кои потоа ги користи за да праќа извештај како да се вози безбедно. Во план е во Индија да се покрене пилот-проект за часови за возење во кои паметниот телефон ќе одлучува дали сте го поминале тестот, а не инструкторот за возење.