Апелација ги потврди затворските казни за обидот за убиство на Зијадин Села

142

Апелацискиот суд во Скопје ги потврди во целост сите затворски казни изречени од Основниот кривичен суд Скопје на седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април минатата година.

Пресудата за случајот беше објавена на 5 јули годинава. Судијката Славица Андреевска на седуммина им одреди затворски казни меѓу тринаесет и десет години затвор, а двајца обвинети кои ја признаа вината добија три и една година затвор. Поради немање доволно докази обвинението беше повлечено за еден од првично обвинетите.

Кире Георгиевски доби 13 години, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци, Николче Димитриевски 10 години и шест месеци, Александар Јаневски – Тошта 13 години, Никола Војминовски 13 години и шест месеци и Коста Делев 10 години и шест месеци. Виновни се дека со умисла се обиделе да го убијат Зијадин Села.