Анџелина Џоли со изненадувачка одлука:се откажува од актерството, или паузира за да му даде предност на новиот бизнис интерес?

101

Анџелина Џоли реши да направи мала пауза од актерството за да се фокусира на започнување нов бизнис. Имено, тaa напорно работи на создавање линија на облека и накит, пренесува Кликс.

Таа веќе се пријавила за заштита на брендот наречен Atelier Jolie. На овој проект работи една година и се надева дека барањето наскоро ќе биде одобрено.

„Таа е голем поборник за одржлива мода и тоа е нешто на што ќе се фокусира. Новиот бизнис се уште е во почетна фаза“, изјавил извор за американските медиуми.

Неодамна во интервју за магазинот „Вог“ зборуваше зошто ја поддржува одржливата мода.

„Вложувам во квалитетни парчиња облека, а потоа ги носам „до смрт“. Не ми е проблем долго да носам чизми, капут или чанта. Освен тоа, купувањето користена облека е исто така чекор кон одржлива иднина“, рече таа.