Анчелоти притиска за Лозано

50

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Евертон, Карло Анчелоти, сака повторно да соработува со мексиканскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Хирвинг Лозано.

Трофејниот италијански стручњак имаше одлична соработка со поранешниот фудбалер на ПСВ за време на неговиот престој на „Сан Паоло“, но поради лошите резултати во актуелната сезона, Анчелоти доби отказ. Големата желба на менаџерот на Евертон може да стане реалност само со понуда која нема да биде помала од 60 мил. фунти.

ИЗВОР: GOAL.COM