Анчелоти лобира за Зелински

40

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Евертон, Карло Анчелоти, испрати јасна порака до клупските челници дека сака во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на полскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Пјотор Зелински.

Анчелоти имаше одлична соработка со офанзивниот играч за врска додека двајцата беа дел од Наполи и затоа е убеден дека истата може да продолжи и на „Гудисон Парк“. Големата желба на Италијанецот ќе стане реалност само доколку официјалната понуда за Зелински не биде помала од 40 мил. фунти.