Анчелоти има (не)реални очекувања

24

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти, по синоќешниот пораз од Тотенхем (0:1), истакна дека неговиот тим има шанса да влезе во европските натпреварувања. „Карамелите“ се наоѓаат на 11. место, со 11 бода заостанување зад зоната која носи учество во Лига Европа.

  • Можеме да играме подобро. Евертон мора да продолжи да се бори. Мора да го промениме нашиот менталитет против врвните тимови – тоа е апсолутно нормално. Ќе се бориме – можеби сè уште имаме шанси, изјави Анчелоти.

До крајот на првенството во премиер лигата остануваат уште пет кола.