Антраксот во Македонија е присутен повеќе децении и е под контрола

Нов случај на антракс кај животните нема, а нема ни заразени луѓе. Во селото Долно Строгомиште , општина Зајас, вкупно девет мрши од овци се уништени, спалени и нештетно отстранети. Кај уште четири угинати овци се уште се вршат анализи за потврда на болеста. Сопственикот на овие животни ги уништил бидејќи се посомневал дека е присутна болеста

96

Болеста антракс не е ништо ново во земјава таа е присутна со децении. Поради тоа нема потреба  да се шири паника и страв кај граѓаните, а уште помалку да се прави сензација, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Тој информираше дека нов случај на антракс кај животните нема, а нема ни заразени луѓе. Во селото Долно Строгомиште , општина Зајас, вкупно девет мрши од овци се уништени, спалени и нештетно отстранети. Кај уште четири угинати овци се уште се вршат анализи за потврда на болеста. Сопственикот на овие животни ги уништил бидејќи се посомневал дека е присутна болеста.

-Појавата на антракс не е ништо ново, ниту невообичаено. И досега во земјава болеста била регистрирана. Присутна е тука со децении. Во земјава има 22 т.н. дистрикти во кои антраксот досега бил детектиран. И Долно Строгомиште сега спаѓа во оваа бројка од 22 области каде континурано се преземаат стандардните мерки што, меѓу другото, подразбира и задолжителна вакцинација најмалку 20 години, истакна директорот и додаде дека нов случај на заболени животни нема, но не ја исклучи можноста и покрај вакцинацијата повторно да се појави болеста.

Резултатот од лабораториските анализи за последниот случај во Долно Строгомиште, како што рече биле готови на седми август и веднаш биле спроведени сите потребни мерки.

-Не може за секој откриен случај да излегуваме и да објавуваме. И бруцелоза имаме, исто е зоонозна болест. Секој ден откриваме нови случаи. Секој ден ли треба да излегуваме и да кажуваме дека има бруцелоза, кога се знае дека има бруцелоза?, подвлече Атанасов и додаде дека се работи за едно одгледувалиште, ограничен број на животни, веднаш се излезе на терен, стопирано и нема ширење, поради тоа нема потреба од страв и паника.

Откако ќе се заколе животното, месото се проверува и лужето не можат да се заразат преку месото.

Атанасов објасни дека антраксот е бактерија која се пренесува преку спорите. Тие се многу отпорни и во почвата може да преживеат долго време, преку 20 години затоа оваа болеста се вика уште болест на почвата. (А.С.)