Популарниот светски актер Антонио Бандерас е позитивен за коронавирусот и оваа вест тој ја сподели со неговите следбеници на Инстаграм. Резултатите од тестот ги дознал на неговиот 60. роденден.
„Сакам да ве известам дека денес, 10 август, бев принуден да го прославам 60-тиот роденден во карантин, бидејќи бев тестиран за „Ковид-19“ и наодот беше позитивен. Би сакал да додадам дека се чувствувам релативно добро, само малку поуморен од вообичаеното и уверен сум дека ќе се опоравам што е можно поскоро со следење на медицинските упатства за кои се надевам дека ќе ми овозможат да победам“, напиша Бандерас.
Оваа изолација, како што напиша актерот ќе ја искористи за да чита, пишува, одмора и да продолжам да прави планови за иднина.