Антониа Гиговска го откажа учеството на Мировниот фестивал

4771
Фото: Instagram antoniagigovskaa

Пејачката Антониа Гиговска го откажа учеството на Мировниот фестивал.

Фестивалот ќе се одржува на плоштадот „Скендербег“ по повод 21-годишнината од Рамковниот договор, а Гиговска го откажа настапот веднаш по владината реклама за нејзиното учество и негативните реакции на социјалните мрежи.

„За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие знаеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму, бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна“, стои во објавата на Антониа на Инстаграм.

Пејачката потенцираше дека не сака да биде дел од манифестација поврзана со политика.