Антовски: Власта ги измами граѓаните со цената на струјата, улицата е единствен начин да се слушне гласот на народот

46

Членот на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, Стевче Антовски во своето гостување во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24 истакна дека старо-новата Влада ги измами граѓаните со покачувањето на струјата бидејќи истото се случи по предвремените парламентарни избори, во вакум период кога уште со државата раководеше техничката Влада со намалени ингеренции. Тој посочи дека протестите во организација на ВМРО-ДПМНЕ се навремени и вистински одговор на однесувањето на власт кон граѓаните. Според него улицата е единствен начин на кој власта ќе го чуе гласот на народот.

-Моментот за овие протести е вистински. Донесената одлука за покачување на струјата од 7,4 проценти е донесена во брзо време во период вакум кога немаме извршна власта и веднаш потоа ние се одлучивме да го искажеме нашиот револт за оваа одлука. И преку протестите кои ги организираме граѓаните исто така да можат да го искажат својот револт за покачувањетто на струјата од цели 7,4 проценти. Одлуката за овие протести е исправна и во вистинско време затоа што редно е да се реагира на старо-новата власт на единствениот начин на кој што мислиме дека тие ќе го чујат гласот на народот. На овие протести кои се одржаа минатата недела, нели имавме два протеста. На првиот протест говореше претседателот Христијан Мицкоски и искажа три барања. Првото барање е да се врати старата цена на струјата, второто барање е да сноси одговорност целокупната Регулаторна комисија за енергетика, бидејќи според нас овие одлуки се партиски мотивирани за тоа има многу докази кои ќе ги изнесам и не само тие докази туку ова е чиста политичка манипулација, вели тој.

Антовски потенцираше дека актуелното покачување на цената на струјата кое ќе удри по џебот на сите граѓани е резултат на недомаќинското работење на актуелната власт. Во дебата со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски тој ги посочи тендерите во 4 очи како еден од главните проблеми и причини за пораст на цената на струјата.

Покрај проблемот со недомаќинско работење во институциите, Андовски како една од причините за пораст на цената на струјата гледа и во не инвестирањето во областа на енергетиката, односно потфрлањето со капиталните инвестиции. Тој напомена дека во перидот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ над 300 милиони евра биле инвестирани само во областа на енергетиката, проекти кои и до ден денес се профитабилни и се експлатираат во корист на сите граѓани на Република Македонија.

-Господинот Ковачевски спомена дека во претходниот период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ немаме инвестиции во енергетиката. Во периодот за кој говори Ковачевски се инвестирани 300 милиони евра, во хидроцентралата Св. Петка, 55 милиони евра се инвестирани во ветерниот парк Богданци. Пред некој ден имавме извештај од АД ЕСМ дека за 35 проценти е надминато производството за тековната година. Значи станува збор за прекрасна, рентабилна инвестиција со 55 милиони евра, завршена во времето на ВМРО-ДПМНЕ која што обезбедува електрична енергија и повеќе од планираното затоа што теренот дозволува да имаме такви поволни услови.