Антикорупциска ќе го презнетира првиот квартален извештај за сработеното

51

Првиот квартален извештај за работата на Антикорупциската комисија ќе биде промовиран денеска во Скопје во рамки на проектот „Следење на работата, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на Државната комисија за спречување на корупцијата“.

Проектот го спроведуваат Здружението на граѓани „Транспарентност Македонија“ во партнерство со Институтот за човекови права, а со поддршка од Амбасадата на Велика Британија во Скопје.

На настанот ќе ги презентираме наодите од следењето на работата и постигнувањата на Државната комисија за спречување на корупцијата, со оценка за ефективноста и транспарентноста, наведуваат организаторите.