Антиинфлациска политика на најјако: Виена ќе им плаќа кирија на оние кои живеат во градски станови

89

Виенските власти во текот на септември ќе плаќаат кирија на станарите на 222.000 станови во градска сопственост, што е дел од антиинфлациската политика.

Како што најавија властите во австриската престолнина, ќе се исплати повеќе од половина од нето износот на киријата. Тоа е претставено како дополнителен бонус во рамките на програмата за помош во износ од 55 милиони евра. Помош за плаќање кирија ќе добијат половина милион граѓани.

Како дополнителна мерка градското претпријатие за стопанисување со станови „Винер Вонен“ ќе обезбеди уште еден финансиски бонус на крајот на годината.

Вистинската сума на оваа помош ќе зависи, како што најавија, од стапката на раст што се случи во наведениот период. Последна мерка е олеснување на постапката за договарање договори за плаќање закупнини. Ова треба да им помогне на оние станари кои имаат заостанати долгови и се изложени на ризик да го загубат домувањето.

Создавањето, како што е наведено, солидна мрежа за социјално осигурување која ги исполнува барањата на сегашното време е еден од приоритетите на австриската престолнина.