Анри меѓу сопствениците на Комо

32

Легендарниот француски фудбалер Тјери Анри ќе биде еден од сопствениците на италијанскиот фудбалски клуб Комо, јавија италијанските и британските медиуми.

Анри со тоа ќе му се приклучи на поранешниот соиграч од Арсенал, Цеск Фабрегас, кој, исто така, стана акционер на Комо, а претходно оваа недела потпиша и професионален договор со италијанскиот клуб до 2024 година.

Извршен директор на Комо е поранешниот фудбалер на Челзи, Денис Вајс.

Италијанскиот клуб е во сопственост на браќата Мајк и Роберт Хартон, чие заедничко богатство е проценето на 42.6 милијарди долари.