Американската кошарка има создадено многу спортски милионери, повеќето дебело го наплатија својот талент, некои од нив успеаја да го зголемат својот биланс на сметката со текот на времето, некои да го намалат, а некои да банкротираат.

Поединци, како Мајкл Џордан и Шекил О’Нил, добија огромно богатство и во пензија благодарение на профитабилните комерцијални договори, но само еден играч успеа да се крене од статусот на анонимност во НБА-лигата до ниво на најбогатите во историјата на спортот.

Веројатно никогаш не сте чуле за него. Станува збор за Улисес „Јуниор“ Бриџман (66), чиешто богатство се проценува на 600 милиони долари денес!

Улисес играше 12 години во НБА, за два клуба – од 1975 до 1984 година ги бранеше боите на Милвоки, две години подоцна играше за Клиперси, за да ја заврши кариерата во Бакс.

Тој не заработи многу од кошарката, го имаше најдобриот договор во Клиперси кога за една сезона доби 350.000 долари, што секако е мизерен износ за денешните плати, но сосема доволно за некој што има „нос“ за бизнис. Кариерата на Бригман како бизнисмен достигна точка што денес, по Џордан , е најбогатиот кошаркар на светот.

Кога сфати дека неговата кариера завршува, дојде до идеја да инвестира до приватен бизнис со дел од парите што ги заработил. Презеде ризик – и тој успеа. Тој го купи ланецот за брза храна „Венди“ и неколку години дури работеше и како готвач додека беше на одмор меѓу сезоните. Сакаше да има контрола над својата работа, а откако виде дека својот профит може да го вади од сендвичарата, полека се откажуваше од кошарката.

По пензионирањето, тој купи уште три ресторани „Венди“ и почна да се шири, а денес околу 11.000 луѓе работат за него.

Денес, Бригман поседува 161 ресторан низ САД. Меѓу другото, во 2017 година, тој стана директор на компанија која полни кока-кола во шишиња.