Анкета: Речиси 80 отсто од руските граѓани имаат доверба во Путин

43

Нивото на доверба на руските граѓани во рускиот претседател Владимир Путин е речиси 80 отсто, соопшти Центарот за истражување на јавното мислење во Свердловск.  Сепак, тие резултати покажуваат дека има пад на довербата на јавноста за 1,6 отсто во однос на претходната анкета, спроведена од 25 април до 1 мај.

На прашањето за (нивната) доверба во Владимир Путин, 79,9 отсто од анкетираните Руси одговориле потврдно. Нивото на одобрување на работата на рускиот претседател беше 77,2 отсто (-1,7 отсто во однос на минатата недела), се наведува во извештајот.

Позитивните оценки за работата на премиерот Михаил Мишустин и руската влада во текот на изминатата недела паднаа на 52 (-1,0 отсто) и 51,1 отсто (-1,7 отсто), соодветно.

Истражувањето е спроведено од 2 до 8 мај меѓу 1.600 испитаници на возраст над 18 години.