Анкета на НДИ: СДСМ со 5% поголем рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ

311

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил ја објави анкетата на Националниот Демократски Институт, според која коалицијата СДСМ и БЕСА се во водство пред опозоциската ВМРО-ДПМНЕ.

-Американскиот National Democratic Institute денес од Вашингтон ја објави нивната најнова теренска репрезентативна анкета во 🇲🇰 според која довербата на граѓаните во СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија континуирано расте, пишува генсекот на СДСМ на неговиот фејсбук профил.

Едно од прашањата е  дали имате многу благонаклонето, донекаде благонаклонето, донекаде неблагонаклонето или многу неблагонаклонето мислење за секоја политичка партија?

1. Коалиција МОЖЕМЕ ( СДСМ и БЕСА ) – 24.6 %
2. Коалиција на ВМРО – ДПМНЕ – 19.6 %

На прашањето за наклонетост кон партиски лидери испитаниците најмногу гласови му дале на преседателот на СДСМ, Зоран Заев.