АНКЕТА НА ГРАД СКОПЈЕ: Половина од скопјаните користат возило како средство за превоз

781

Над 50 проценти од скопјаните користат сопствен автомобил како основно средство за превоз. Според анкетата спроведена на граѓаните од град Скопје, 56,65 отсто користат сопствени автомобили како основно средство за превоз.

Како што е објавено во билтенот на веб страницата на Град Скопје – zivotnasredina.skopje.gov.mk, споделување на возило за работа со колегите може да помогне да сe избегне скопското секојдневие: многу возила, сообраќаен хаос и нервоза, а во повеќето возила има само по едно лице, со што бројот на автомобили по улиците ќе се намали за третина.

–  За кратки патувања препорачуваме одење пешки или возење велосипед. Ова ќе ви помогне да го подобрите вашето здравје и да го намалите јаглеродот. Возење 1,5 километар велосипед наместо автомобил е еднакво на 290 грама ЦО2 помалку во воздухот – наведуваат од Град Скопје.

Возењето велосипед, исто така, посочуваат, може да биде забавна и социјална активност со ниска употреба на јаглерод.