АНКЕТА: Дали треба да се врати задолжителното носење на маските?

5037

Расте бројот на новозаразени со коронавирус во државава. За една недела Институтот за јавно здравје регистрира 580 нови позитивни случаи на ковид, во 22 града во државата. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, и тоа 379 лица, а висока инциденца е регистрирана и во Охрид и Кавадарци. Оттаму

Комисија за Заразни болести неделава констатирала дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела, зголемувањето изнесува 65.8%.

„Воедно констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации(во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи. Согласно овие параметри и земајќи го во превид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачните установи, аптеките и јавниот превоз“, велат од таму.

Поради зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус и повеќе европски земји препорачуваат враќање на задолжителното носење на маски на места каде има многу луѓе, продавници, како и во јавниот превоз.

 

Дали треба да се врати задолжителното носење на маските?