АНКЕТА: Дали треба да има референдум за Преговарачката рамка?

4680

Задолжителен или консултативен, со какво прашање, за преговарачката рамка или за Протоколот… во најголема опозициска партија траат консултациите за можноста за рефендум кој би се одржал есенва. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски засега не отстапува од идејата  граѓаните преку референдум  да го искажат своето мислење за Преговарачката рамка со Бугарија.

Во партијата деновиве се разгледува идејата, но се размислува и за референдумското прашање, кое, во секој случај треба внимателно да се дефинира, за да не задре во ниту едно од прашањата за кои Собранието одлучува со Бадентерово мнозинство.

Засега е неизвесно и кој ќе предложи рефендум, дали тоа ќе бидат пратениците, или 150 илјади граѓани. Она што е познато дека конечен став и дефинирано прашање ќе има во август, најверојатно по завршувањето на летните одмори. Мицкоски е дециден – за вакви крупни прашања, граѓаните мора да бидат консултирани, и дека интеграцијата е неопходна, но мора да се зачувуваат идентитетските обележја на народот.

 

Дали треба да има референдум за Преговарачката рамка?