АНКЕТА: Дали сте за забрана на „Тик-ток“ и на други социјални мрежи што поттикнуваат насилство?

8629

Двата масакра во Србија го вклучија алармот и во македонските институции. Трагедијата во Белград ја отвори дилемата за тоа како се развиваат младите во земјава и како да се превенира меѓуврсничкото насилство.

МОН ќе има состаноци со надлежни институции кои треба да проценат дали треба да се ограничи користењето на мрежата „Тик-ток“ за учениците, соопшти министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

-Ќе продолжиме со состаноци со институциите кои треба да проценат кои се потенцијалните ризици од употребната на тик-ток мрежата, какви материјали содржи и начинот како ја употребуваат учениците во основно и средно образование, изјави Шаќири.

Како што појасни, институциите за безбедност треба да проценат колку е лош материјалот на „Тик-ток“,  со оглед и на неколку видеа од ученици за кои постапува МВР. Посочи дека тука ќе се вклучат Министерството за информатичко општество и Агенцијата за електронски комуникации, како и други институции од ИКТ-секторот за да се разгледаат начините на употреба на оваа апликација.

Дали сте за забрана на „Тик-ток“ и на други социјални мрежи што поттикнуваат насилство?

 

Тик-ток под лупа, ограничување на интернет и мобилни – се готви нов  безбедносен протокол за училиштата!