Анима Мунди: Владата да ги повлече мерките, ова е масакр

176

Отповикување на владините мерки за отстрел на диви свињи со цел заштита од свинска чума, побараа од друштвото за заштита на животните, Анима Мунди.

Според нив, ова е масакр врз животните кој нема вистински превентивно да повлијае на тоа да не се појави африканската свинска чума и во нашата земја.

Свинската чума не е опасна за луѓето, а само Македонија планира масакр на свињите, додека мерките во нашето соседство се сведуват на хигиена, дезинфекција, исклучување на контакт т.е. движење на животните, пријавување на секое угинато животно, забрана за увоз и извоз, се наведува во реакцијата.