АНДРИЈ ШЕВЧЕНКО: Знаевме дека клучен ќе биде дуелот против Македонија

236

Легендарниот напаѓач на Милан, кој сега е селектор на Украина, Андриј Шевченко, пред натпреварот изјави дека дуелот против Македонија е клучен кога е во прашање пласманот во 1/8 финалната рунда.

  • Голем беше бројот на фудбалери кои немаа сила после дуелот со Холандија. Ќе морам да видам колку од нив ќе се рехабилитираат и кој играчи ќе бидат максимално подготвени за дуелот против Македонија. И пред почетокот на турнирот, ние добро знаевме дека дуелот против Македонија ќе биде клучен кога е во прашање групната фаза и пласманот во 1/8 финалната рунда. Добро ќе го анализираме нивниот натпревар против Австрија, ќе пробаме да ги примениме сите добри работи кои ги направија репрезентативците на Австрија. Има уште два натпревара, но ние мора да ги засукаме ракавите и да ја искористиме секоја шанса која ќе ја добиеме или создадеме, изјави Шевченко.

Второто коло во групата „Ц“ ќе биде комплетирано со дуелот помеѓу репрезентациите на Холандија и Австрија. Доколку има победник на натпреварот кој ќе биде одигран во Амстердам, тогаш истиот и математички ќе обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда од ЕП 2020.