Поп пејачката Андријана Јаневска си купи нов мотор, па се пофали со зборовите дека треба да видиме како изгледа играчката која ем е скапоцена ем и многу опасна. Таа плус на сите преку ФБ ни го постави тешкото прашање: Како ви се допаѓа мојата нова играчка: Suzuki V STROM 1000 ?

И секако дека од многубројни пријатели и фанови си доби соодветни одговори: Честитки, со среќа да е, а возењето да ти е како што ти е и со песната…Сепак внимателно:Тоа и не е баш играчка! Ако немаш големо искуство со возење мотор ова е опасна машина! Внимавај!!! Вака те замислувам цел живот со една ваква убава играчка….се само дел од покрактеристичните коментари.

И ако на многумина им е незамисливо Адријана да ја видат на моторот со оглед на нејзината нежна градба, а и со оглед на музиката која ја изведува, пејачката потврдува нешто спротивно. Сега уште и сосема да премине во рокерки на кои по некое непишано правило најмногу им прилегаат ваквите “играчки“. И само уште да помине коронавирусот, па Андријана со укинувањето на полицискиот час ќе може да фати прав подолг пат со омилената играчка.    Д.Миќиќ