Андреј Стојаноски за влакно остана без медал

33

Пливачот Андреј Стојаноски, имаше одличен настап на 24. Летни олимписки игри за глуви кои се одржаа во Цикијас До Сул (Браазил). Тој иако не успеа да осови медал, во силна конкуренција забележа одлични резултати во неколку дисциплини, поточно настапи во дури пет финалиња.

На 400 метри мешано го освои четвртот место, на 200 метри мешано и 100 метри градно исто така беше четвртопласиран, на 200 метри слободно заврши семи, а на 400 метри слободно се пласираше на осмото место.