Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала за Велигден

309

Италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели за католичкиот Велигден (в недела) ќе настапи во катедралата во Милано, која ќе биде празна, а настапот ќе се пренесува преку Јутjуб.

„Пред неколку дена го повикав Бочели, а тој потврдно одговори. Значи дека ќе биде во Милано за Велигден во 19 часот во празната катедрала и ќе пее церемонијална музика“, рече Џузепе Сала, градоначалник на Милано. Како што посочи Сала иако катедралата во Милано ќе биде празна, преку директниот пренос неговиот глас ќе го слушне целиот свет.

Како што е познато, Италија е една од најпогодените европски држави од коронавирусот ковид-19.