Андреас Волф пристигна во Киелце

140

Најскапиотракометен голман Германецот Андреас Волф, и официјално беше претставен во Киелце. Полскиот шампион оддели голема сума на средства да го доведе голманот на германската репрезентација. Волф доаѓа на местото на Цупара, кој мораше да замине, иако зад себе остави одлична сезона.

Покрај српскиот голман, полскиот шампион го напуштија и Ивиќ, Циндриќ, Јурецки, Мамиќ и Бис. Со доведувањата на Карачич, Вујовиќ и Гебала, тренерот Душебаев има многу посилна екипа од минатогодишната и ќе се обиде пак да стигне до Ф4 завршницата во Келн.

Киелце се наоѓа во група на Лигата на шампионите со Вардар, Веспрем, Монпелје, Мотор Запорожје, Мешков Брест, Кил и Порто.