Стиховите од песната „Другарице, проклетница“ последниве денови ги пее пејачка Андреана Чекиќ, која реши од нејзиниот живот да ги отпише нејзините две некогаш најдобри пријатели – Ана Севиќ и Слаѓа Алегро. Причината за тоа е нејзината одлуката да се помири со нејзиниот партнер Марко, кој според медиумите ја злоставувал.

Бидејќи таа често се жалела на кавгите со Марко за време на нејзиното интензивно и долгогодишно пријателство со Слаѓа и Ана, одлуката да му прости за физичко и ментално малтретирање тие не ја поддржале. Поради тоа таа одлучила да ги исфрли и двете од нејзиниот живот.

За време на американската турнеја, Андреана се скарала со Марко. Тој ја навредувал пред музичари и  фанови на настапот, рекол извор за Ало. Поради тоа Слаѓа и Ана биле противници на нивното помирување. Тие и кажале  дека тој не и е потребен во животот и дека заслужува некој што ќе ја сака и почитува, но штом Чекиќ се врати од Америка, се помири со Марко, и на пријателките им подари шут-карта.

Тие три имале  заедничка група на вибер преку која секојдневно комуницирале, а одлуката дека таа повеќе не ги сака во нејзиниот живот им беше објавена во таа група. Тие одговориле дека и посакуваат се најдобро во животот и да не ги бара  кога Марко повторно ќе ја малтретира, изјавил истиот извор.

Чекиќ ја потврди оваа приказна до одреден степен, не сакајќи да даде детали за нејзината врска со Марко.

– Јас плачев и се жалев, тие знаеја сè за мене, но бидејќи не ја поддржуваа мојата одлука да се помирам со Марко, сфатив дека тие не се мои пријатели и дека не ми требаат, рече Андреана.