Англија против Германија во 1/8 финалето на ЕП 2020

74

Познати се сите патници во 1/8 финалната рунда од ЕП 2020. Последните билети за следната елиминациска рунда завршија кај репрезентативците на Франција, Германија и Португалија.

Со идентичен резултат, 2:2, завршија последните два натпревари од групната фаза, дуелите помеѓу селекциите на Франција и Португалија, односно помеѓу Германија и Унгарија.

Двојки за 1/8 финале: Хрватска – Шпанија, Италија – Австрија, Белгија – Португалија, Данска – Велс, Англија – Германија, Франција – Швајцарија, Холандија – Чешка, Шведска – Украина.