Англија и Шпанија со најмногу екипи во плејофот од евро-куповите

32

По одигрување на последното коло од групната фаза во Лига Европа, од синоќа познати се сите учесници во плејофот на европските фудбалски купови.

Сите седум шпански и седумте англиски екипи кои ја започнаа оваа сезона (4 во Лигата на шампионите, 3 во Лига Европа), ќе играат во пролетната фаза од европските натпреварувања.

Останатите земји загубија свои претставници за време на групната фаза.

Покрај шпанските и англиските екипи место во нокаут фазата обезбедија и: шест германски тимови (4 во Лигата на шампионите, 2 во ЛЕ); шест италијански екипи (3 + 3), три клуба од Португалија (1 + 2), два француски тима (1 + 1), два тима од Холандија (0 + 2), два од Австрија (0 + 2), два од Белгија (0 + 2), два од Украина (0 + 2), и по еден од Русија, Шкотска, Израел, Србија, Чешка, Хрватска, Грција, Швајцарија и Норвешка и сите овие ќе бидат дел од Лига Европа.