Англичаните бараат национален празник ако ја освојат титулата на ЕП 2020

23

Повеќе од 100.000 Англичани се потпишаа досега на онлајн петицијата за прогласување национален празник доколку Англија ја освои титулата на ЕП 2020 што, според законот, значи дека парламентот во Лондон е обврзан да расправа за барањето на иницијаторите. Со петицијата, која осамна на интернет досега ја потпишаа 110.000 луѓе, се бара понеделник, 12 јули, да биде прогласен за национален празник во случај Англија, ден порано, за прв пат во својата историја да стане европски првак. Според британското законодавство, парламентот е обврзан да расправа за поднесени петиции со поддршка од најмалку 100.000 граѓани.