Англискиот музичар и актер Џони Флин ќе го глуми Дејвид Боуви

148

Англискиот музичар и актер Џони Флин ќе го толкува младиот Дејвид Боуви во филмот „Stardust“ (Ѕвезден прав) – приказна за првата посета на рок-ѕвездата на САД, во 1971 година.

Во филмот, покрај него ќе се појават и Џена Мелоун која ќе ја глуми сопругата на Боуви, Енџи, потоа – Марк Марон и други. Актерскиот тим сѐ уште се екипира.

Кристофер Бел е задолжен за сценариото, а Гејбриел Рејнџ ќе го режира филмот.

Снимањето на филмот почнува во јуни.