„Ангел чувар” (The Guardian Angel) е психолошкиот трилер кој е снимен врз основа на вистински настан за запрепастувачка серија на убиства што се случувале под хипноза во Данска во 1950-тите, а во кој меѓу одличната актерска екипа настапува и познатиот хрватски глумец Раде Шербеџија

Неверојатната приказна за запрепастувачка серија на убиства што се случувале под хипноза во Данска во 1950-тите реномираниот фински режисер Арто Халонен за првпат ја пренесе на екранот и тоа преку филмот „Ангел чувар” (The Guardian Angel), а меѓу одличната актерска екипа која ги доловува настаните кои го потресоа Данскиот народ е и познатиот хрватски глумец Раде Шербеџија. Овoj психолошкиот трилер кој е снимен врз основа на вистински настан веќе се прикажува во Хрватска. Во филмот, на Шербеџија му се придружуваат и познатите актери Џош Лукас и Пилу Азбек.

Дејството во „Ангел чувар” го следи инспекторот Андерс Олсен (Пилу Азбек) кој  решава еден случај на грабеж и двојно убиство, но се сомнева дека сторителот е изманипулиран со злоупотреба на хипноза и на тој начин го извршил наведеното кривично дело. Приказната се базира на вистински настани и шокантната криминалистичка истрага што ја потресла Данска во 1950 година. При истрагата и решавањето на злосторството, Олсен бара помош од познат психијатар специјализиран за хипноза, д-р Дабровски (Раде Шербеџија), со кого тргнува во регресивниот свет на манипулацијата со умот.

Во главната улога на инспекторот Олсен игра, во моментов еден од најпопуларните дански актери од помладата генерација, Пилу Азбек. Тој ја започнува својата кариера во светски познатиот и наградуван дански серијал „Борџија“, а глумеше и во многу успешните филмски наслови како „Луси“ на Лук Бесон, за Оскар номинираниот „Војната“, „Духот во школка“ со Скарлет Јохансон, „Вудсток“ со Кирстен Данст, но за пошироката публика е најпознат по својата улога како Грејџој во последните три сезони на светски познатата серија „Games of Thrones”.

Улогата на психијатарот ја толкува Раде Шербеџија, а во улогата на криминалецот Бјорн С. Нилсен, кој манипулирал со хипноза и ги наведувал поединците на убиства настапува, Џош Лукас, еден од најрелевантните американски актери од својата генерација, кој настапува во низа светски познати и успешни наслови.

Режисерот Арто Халонен за првпат оваа неверојатна приказна ја пренесува на екранот. „Оваа приказна е од голем интерес за нас денес, не само како доказ за моќта на контролирањето на човечкиот ум, туку и поради тоа што се фокусира на видливите и невидливите манипулации кои влијаат врз нас како човечки суштества. Филмот, меѓу другото, открива нови и фасцинантни сознанија за вистинит и сугестивен пример на ментална и духовна манипулација. Нашето општество е веќе преполно со многу невидливи манипулации, и сè повеќе има  примери преку новонастанатите религиозни и политички движења, што ја прави оваа тема уште порелевантна“, вели Халонен.

„Фокусирајќи се на овој фасцинантен случај на вистинскo злосторство со хипноза, филмот ‘Ангел чувар’ има за цел да го насочи поединецот кон многу подлабоки прашања за тоа како манипулацијата се користи денес врз сите нас“, заклучува режисерот Халонен.

„Ангел чувар” е финско-данско-хрватска копродукција, снимен е во Хрватска и Данска, а хрватската продукција ја потпишува Игор Нола од Mainframe Production.

Се надеваме дека наскоро филмот ќе почне да се прикажува и во македонските кина…